Tuesday, May 12, 2015


1 .Што е тоа генитална ХПВ инфекција?

ХПВ е кратенка за Хуманиот Папилома Вирус, гениталната инфекција со овој вирус е најчеста сексуално пренослива инфекција. Постојат повеќе од 40 ХПВ видови кои можат да ја заразат гениталната област кај мажите и жените. Заразата исто така може да се прошири на устата и грлото. Заболените особи најчесто незнаат дека се заразени со ХПВ инфекција.
Некои видови на ХПВ се наречени "високо ризични" бидејќи можат да предизвикаат абнормален ПАП тест или ретко рак на грлото на матката, вулвата, вагината, анусот или пенисот. Други видови на ХПВ се наречени "ниско ризични" бидејќи иако предизвикуваат благи Пап промени или генитални брадавици скоро никогаш не преминуваат во рак.
1.1  Животниот циклус на ХПВ

Животниот циклус на HPV строго ја следи редослед на диференцијација на кератиноцитот на домаќинот. Се смета дека HPV-вирионот ги заразува епителните ткива преку микро-абразии, при што најчесто се врзува со рецептори како што се алфа интегрини и ламинини, што води до навлегување на вирионите во базалните епителни клетки преку клатрин-иницирана и/или кавеолин-иницирана ендоцитоза во зависност од типот на HPV. Во оваа фаза, преку непознат механизам, вирусниот геном се пренесува до јадрото и се реплицира во број од помеѓу 10-200 вирусни геноми по клетка. Тогаш се јавува софистицирана транскрипциона каскада, додека кератиноцитот на домаќинот започнува да се дели и се повеќе да се диференцира од горните слоеви на епителот.
Сите типови HPV можат да предизвикаат привремена пролиферација, но само типовите 16 и 18 можат да ги направат органелите трајни (in vitro). Исто така докажано е дека HPV 16 и 18 не можат сами да ги имортализираа клетките од стаорци, бидејќи мора да се активира и онкогенот ras. Во горниот слој од епителот на домаќинот, доцните гени L1 и L2 се транскрибирани и служат како структурални протеини, кои ги инкапсулираат (Инкапсулација е процесот на инкорпорирање секвеца од нуклеонска киселина (пр. вектор или вирусен геном) во вирусна честичка) во зајакнатите вирусни геноми. Вириони можат да се извадат од клетките од мртвите лушпи од епителот на домаќинот и вирусниот циклус сепак ќе продолжи.
1.2 Латентен период

Кога HPV вирион еднаш ќе навлезе во клетката, се јавува активна инфекција и вирусот може да се пренесе. Може да поминат повеќе месеци или години додека се развијат лушпести интерепителни ранички (SIL) што може да се детектираат клинички. Поради периодот што е потребен за активната инфекција да достигне ниво на болест што може клинички на се установи, заразениот/та тешко може да утврди кој партнер бил извор на заразатa

2.
Како се добива ХПВ инфекција? 

ХПВ инфекцијата најчесто се пренесува преку вагинален или анален секс. Исто така се пренесува и преку орален секс или преку генито - генитален контакт. Најчесто инфекцијата не предизвикува никакви симптоми така што инфицираните особи не знаат дека се инфицирани и поради тоа несвесно ја пренесуваат инфекцијата понатаму на своите партнери. Можно е пренесување на неколку видови ХПВ истовремено.
Ретко заразените бремени жени можат да ја пренесат ХПВ инфекцијата на своите бебиња во тек на вагиналното раѓање. Кај заразените бебиња можат да се појават брадавици во грлото или на гласните жици или да добијат брадавици по целиот респираторен тракт (таканаречена јувенилна повторувачка респираторна папиломатоза).
2.1 Како мажите го добиваат гениталниот ХПВ?

Гениталниот ХПВ се добива со генитален контакт - како што е вагинален или анален секс. Кога ќе го добијат вирусот ХПВ, мажите и жените го пренесуваат понатаму без да бидат свесни за тоа. Гениталните брадавици исто така можат да се пренесуваат понатаму од страна на особа која го има вирусот ХПВ но самата нема видливи брадавици. Бидејќи вирусот меже да биде "тивок" подолг период, луѓето може да бидат заразени со генитален ХПВ дури и ако поминале повеќе години од последниот сескуален однос.
Кај мажите, гениталните брадавици се јавуваат околу анусот, на пенисот, скротумот, препоните или надколеницата. Дури и мажите кои никогаш немале анален секс можат да добијат брадавици околу анусот. Брадавиците се појавуваат за неколку недели или месеци после сексуален контакт зо заразена особа, но можат и воопшто да не се појават. Некој може да биде заразен со ХПВ кој предизвикува генитални брадавици и истовремено да нема брадавици.
2.2 Кои се знаците и симптомите на генитална ХПВ инфекција?

Гениталните брадавици се обично меки, влажни, розеви или црвеникави набубрувања во гениталната област. Тие можат да бидат издигнати или равни, поединечни или во група, мали или големи, понекогаш со изглед на карфиол. Тие се откриваат со визуелна инспекција а се појавуваат после неколку недели од сексуален контакт со заразен партнер - дури и во случај кога заразениот партнер нема видливи брадавици

3. Како се дијагностицира ХПВ инфекција?

Најчесто дијагнозата е преку абнормален Пап тест. Денес не постои општ тест за проверка на ХПВ статусот кај мажите или жените. Не постои нити тест за откривање ХПВ на гениталиите, устата или грлото. Денешните комерцијални ХПВ тестови исклучиво се користат во склоп на скринингот за цервикален рак и тоа кај жени во одредена возраст и со одредени ПАП наоди.
Не постојат ХПВ тестови за мажите.
3.1 Вакцини против ХПВ

На 8ми јуни, 2006 година, ФДА на САД ја одобри вакцината гардасил, профилактична HPV-вакцина, која беше промовирана од Merck. Тестирањето на вакцината е спроведено на возрасни жени, на возраст од 23 години, покажа заштита од почетна инфекција со HPV-типовите 16 и 18, кои заедно се причинители на 70% од цервикалните карциноми, и можат да предизвикаат и други типови рак, како што е аналниот карцином. Вакцината исто така заштитува од HPV-типовите 6 и 11, кои се причинители на 90% од гениталните брадавици.
Вакцината против HPV е направена од протеините од надворешната обвивка од вирусот HPV. Во составот на вакцината нема заразни материјал. Во составот на вакцината исто така нема ни тимеросал, презервативна состојка на база на жива. Вакцината е тестирана на повеќе од 11.000 припаднички на женскиот пол (на возраст од 9 до 26 години) низ целиот свет. Овие испитувања не покажале никакви сериозни нус појави. Единствената нус појава е болката што се јавува на местото каде што била вбризгана вакцината.
Вакцината не заштитува од типовите HPV со кои пациентката била заразена за во време на вакцинацијата. Поради тоа припадинчките на женскиот пол треба да продолжат да одат на редовно Пап-тестирање, дури и откако ја примат вакцината. И за пациентките, кои ја примиле вакцината, важат препораките за редовно тестирање за цервикален карцином.
И мажите и жените се носители на HPV. Ефективноста на вакцината кај мажи сѐ уште се испитува.


4. Како да се намали ризикот од генитална ХПВ инфекција?

Ризикот зе намалува на неколку начини:
1. Со вакцинирање на мажите и жените. Вакцините се даваат во три дози и од пресудно значење е примањето на сите три дози. Исто така треба да се знае дека вакцините се најефикасни кога се примаат на возраст од 11 или 12 години.
  • *      За девојките и жените се користат две вакцини (Церварикс и Гардасил), обете штитат од видови на ХПВ кои предизвикуваат рак на грлото на матката. Една од овие вакцини (Гардасил) истовремено штити и од појава на генитални брадавици. Исто така штити и од анални, вагинални и вулварни ракови. Двете вакцини се препорачуваат за 11 и 12 годишни девојчиња како и за девојките на 13 до 26 годишна возраст кои не ги примиле сите три дози предходно. Овие вакцини се даваат и на возраст од 9 години. Најдобро е да нема мешање на вакцините односно да се прима или едната или другата вакцина.
  • *      За машките деца и мажите на располагање е само едната вакцина (Гардасил), таа штити од појава на најголем број генитални брадавици и анални канцери

2. За оние кои се сексуално активни, користењето на кондомите го намалува ризикот од ХПВ. За максимална заштита тие треба да се користат при секој однос од почеток до крај. Кондомите исто така штитат и од гениталните брадавици и од ракот на грлото на матката, но сепак тие не можат да ги покријат сите области и поради тоа кондомот не претстваува 100% заштита.

3. Намалување на ризикот од ХПВ исто така се постигнува со избегнувањето на ризично сексуално однесување, односно со намалување на бројот на сексуални партнери и со постигнување на правилна интимна врска во која нема да има место за трета особа.